Петар Печков
Објавено: петок, 15 октомври 2010
Првенствениот натпревар за Пелистер против Борец кои настапи без петмина стандардни првотимци и без спонзор, беше само лесен тренинг за битолчани. Тие постојано беа во водство кое највисоко беше во 40-тата минута 23:10 за да потоа и велешани имаат свои минути и со серија од 11:5 намалат на седум гола предност.
Таа Пелистер ја одржуваше до крајот на средбата за победа и три бода. Во нивните редови најефикасни беа Михаил Петровски со 8 и Васко Димитровски со 7, додека кај велешани Ивица Лазаревски со 7, младиот средношколец Кире Мачавелов со 6 и голманот Душко Крстевски со 17 одбрани.
Tweet |